Се создава гасна унија: Три земји сакаат да ја вклучат Кина

73

Русија разговара за можна „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан за поддршка на снабдувањето меѓу трите земји и другите купувачи на енергија, вклучително и Кина.

Ова денеска го изјави вицепремиерот на руската Влада, Александар Новак, пренесува Интерфакс.

Новак не даде дополнителни детали за тоа што ќе вклучува унијата  за гас или во која фаза се разговорите.

Портпаролот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин предложил таква идеја на состанокот со Токаев во понеделникот. Тој исто така не соопшти детали, пренесува Ројтерс.

Додека Русија е главен извозник на природен гас, Узбекистан и Казахстан произведуваат приближно онолку колку што трошат. Двете земји се поврзани со гасовод со Русија, а посебен гасовод ги преминува двете на пат кон Кина.

Сепак, двата гасоводи главно пумпаат гас од Туркменистан, додека Казахстан и Узбекистан никогаш не пријавиле транзитни пратки на руски гас до Кина или која било друга земја.