Се создава мега-банка од 1,6 трилиони долари

138

Според соопштението на банкарската групација UBS, кое го пренесува Ројтерс, на 12 јуни официјално ќе биде завршено преземањето на банката Credit Suisse. За потсетување, Credit Suisse повторно е ликвиден по итната интервенција на државата.

Преземањето на банката е условено со изјава за регистрација, која треба да ги содржи акциите што ќе ги прогласи за ефективни од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), како и други преостанати услови за затворање.

Спојувањето на UBS Group со Credit Suisse Group создаде нов банкарски гигант со биланс од 1,6 трилиони долари.

UBS, една од водечките швајцарски банки, се согласи да плати до 3,37 милијарди долари и да преземе до 5 милијарди франци од загубите на својот помал швајцарски ривал Credit Suisse.

UBS исто така додаде дека акциите на Credit Suisse и американските депозитари ќе бидат отстранети од берзата во Швајцарија и Њујорк.

Како дел од преземањето, акционерите на Credit Suisse ќе добијат по една акција на UBS за секои 22,48 акции на Credit Suisse што ги поседувале.

Најголемиот банкарски договор од глобалната финансиска криза ќе создаде група која ќе надгледува имот од 5 трилиони долари. Ова спојување ќе и даде на UBS водечка позиција на клучните пазари, што инаку би требало да се постигне со години.

Оваа мегабанка ќе вработи 120.000 луѓе ширум светот.