Се спојуваат австралиските медиумски гиганти Nine и Fairfax

40

Фото: Nine Entertaintment

Австралиските медиумски гиганти Nine Entertainment и Fairfax се договорија да се спојат во една компанија и на тој начин, како што велат, ќе станат најголемиот национален медиумски играч, пишува BBC.

Изненадувачкиот договор e вреден 4 милијарди долари и според истиот Nine Entertainment ќе има 51,1% удел, новата компанија ќе биде наречена Nine.

Договорот ги опфаќа телевизиската мрежа на Nine, една од најголемите во Австралија, како и весниците на  Fairfax, каде што влегуваат The Sydney Morning Herald, Melbourne’s The Age и The Australian Financial Review, како и повеќе радио станици на Fairfax, и веб сајтовите за вести во други градови.

Спојувањето ќе овозможи заштеда од најмалку 50 милиони долари во рок од две години, велат од компаниите, притоа не прецизирајќи дали новонастаната ситуација ќе вклучува и загуба на работни места.

Договорот треба да биде одобрен од страна на акционерите и регулаторите на пазарот, но се очекува да биде завршен до крајот на годината.

Инаку, како и многу други реномирани светски печатени медиуми и Fairfax последните неколку години имаше сериозни финансиски пробелми.