Се спојуваат два гиганти: Целта е да се создаде најголемиот оператор во земјата

Vodafonе и CK Hutschison, сопственик на Three UK, денеска договорија спојување во вредност од 15 милијарди фунти што ќе го создаде најголемиот мобилен оператор на пазарот во Велика Британија.
Договорот се однесува само на операциите во Обединетото Кралство, а Vodafone ќе има мнозински удел, поточно 51 отсто од сопственоста, пренесува Teletrader.

За ова спојување е неопходно одобрение од регулаторните органи на Обединетото Кралство, а групата што ќе се формира ќе опслужува околу 27 милиони корисници.

Спојувањето ќе ја отстрани ЕЕ во сопственост на ВТ од сегашното прво место на пазарот за броеви на клиенти и ќе го престигне операторот О2.
Vodafone очекува да го затвори договорот до крајот на следната година.