Се спојуваат производителите на кафе Jacobs и Douwe Egberts

73

kafe

Американската компанија Mondelez International, од неодамна позната како Kraft Foods, и холандската D.E. Master Blenders 1753 ги обединуваат своите бизниси со кафе во една заедничка инвестиција, што ќе го носи името Jacobs Douwe Egberts (JDE).

Ова спојување на втората и третата најдобра компанија од бизнисот со кафе ќе значи моќно здружување против компанијата Nestlѐ SA.

Сепак, швајцарскиот гигант држи недостижни 23% од светскиот пазар на кафе, бидејќи го има најсилниот и најпрепознатлив бренд Nescafe, додека продажбата на инстант напитоци на компанијата и носи три четвртини од приходите.

Холандската компанија ќе контролира 51% од новата инвестиција во коjа Американците ќе добијат премија од околу пет милијарди долари. Холдингот Acorn, која ја контролира DE Master Blenders 1753, ќе го заземе мнозинското место во бордот на директори.

Новата Jacobs Douwe Egberts (JDE) ќе има свое седиште во Холандија, а ќе се занимава само со преработка на кафе. Очекувањата се годишниот профит на оваа нова компанија да надмине седум милијарди долари.

Портфолиото на Jacobs Douwe Egberts ги вклучува некои од водечките брендови во светот на кафето, меѓу кои се Tassimo, Jacobs, Carte Noire, Gevalia, Kenco и Millicano.