Се трошат милијарди, а секој втор човек добива подарок што не му се допаѓа

70

Новогодишните празници се омилен период од годината, насекаде во светот, а еуфоријата за шопинг ги обзема сите. Се бараат подароци за најдраги личности, но и се радуваме на работите кои ние ги посакуваме. Меѓутоа, што се случува кога ќе добиете подарок што не ви се допаѓа. Дали се преправате дека ви се допаѓа? Размислувате на кој ќе го дадете? Знајте дека повеќето луѓе во светот се наоѓаат во иста ситуација.

Истражувањето на водечкиот шведски технолошки бренд во областа на убавината и велнес Foreo, покажува дека 55% од луѓето во светот го заменуваат подарокот што го добиваат, а 22% истиот подарок го подаруваат на друга личност во рок од 12 месеци.

Трговските центри пред новогодишните празници се полни, за разлика од друг период во годината. Жителите на Велика Британија на пример трошат околу 2 милијарди долари, додека во САД 1.000 милијарди долари во овој период од годината. Но, половината од овие подароци одат во раце кај оние на кои не им се допаѓаат. Најчесто тоа се гардероба и аксесоари.

Глобалното истражување на компанијата Foreo открива дека меѓу најлошите подароци во сезоната на празници се планерите за диета, антицелулит кремите, гардероба со чудни дезени и несоодветен број.

Изгледа дека купувањето подароци е вистинска уметност која треба да се усоврши.

Фото: Pexels