Се укинува бесплатниот превоз за пензионери, средношколци и студенти

204

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, (ЈСП) информира дека од утре, четврток (12.03.2020 година), нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со корона вирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки.