Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

98

Носењето маски повеќе нема да биде задолжително на аеродромите и летовите во Европа, објавија денеска Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).

Како што се наведува, новите препораки ќе стапат во сила на 16 мај, пренесува „Ројтерс“.

„Од следната недела маските за лице повеќе нема да мора да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти во Европа за јавниот превоз“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.