Се вакцинираат и во трговски центри

61

Казахстан го забрза процесот на вакцинирање на населението, поставувајќи пунктови и во трговски центри и пазари за да може да се вакцинира секој кој има над 18 години.

Земјата којашто има повеќе од 4.000 смртни случаи од коронавирусот, се бори со нов бран од заразата.

Целта на властите во Казахстан е што е можно повеќе да го олеснат процесот на вакцинирање.

Пунктови за вакцинирање се поставени во некои од најголемите трговски центри и пазари во големите градови, овозможувајќи им на посетителите да се вакцинираат без претходно да се најават и целиот процес да го завршат за помалку од еден час.

Вакцинирањето може да се изврши од осум часот наутро, а медицинскиот персонал вели дека многу од луѓето доаѓаат да се вакцинираат пред да заминат на работа.

Руската вакцина Sputnik V се дава бесплатно, па дури и на странците кои работат во земјата.

Фото: Pexels