Се влошува глобалниот недостиг од компјутерски чипови – се затвораат фабрики за автомобили

50

Глобалниот недостиг на компјутерски чипови се влошува поради што некои американски производители на автомобили привремено ги затворија фабриките.

Генерал моторс вчера објави дека ќе го затвори производството во осум од 15 северноамерикански фабрики во следните две недели, вклучително и две што го произведуваат најпродаваниот камион на компанијата – шевролет силверадо. Форд ќе престане да произведува камиони во фабриката во Канзас Сити во следните две недели. Смените ќе бидат скратени во уште две фабрики за камиони во Дирборн, Мичиген и Луисвил, Кентаки, пренесува Асошиетед прес.

Намалувањето ќе го влоши и онака слабото снабдување со автомобили, камиони и теренци на продажните места во САД, што ќе ги доведе цените на рекордно ниво. Производителите на автомобили велат дека американските дилери имале нешто помалку од милион нови возила на нивните паркинзи во август, што е 72 проценти повеќе од август 2019 година, кога имало 3,58 милиони возила.

Аналитичарите од индустријата велат дека делта-сојот на коронавирусот силно ги погодил фабриките за компјутерски компоненти во Југоисточна Азија предизвикувајќи затворање на некои фабрики. Ова го влоши недостигот на чипови што почна да се подобрува во почетокот на летото.