Се врати на тронот – Џек Ма повторно е најбогат Кинез

Џек Ма, основачот на технолошкиот гигант за електронска трговија Аlibaba, го задржа статусот на најбогат Кинез оваа година.

Благодарение на пандемијата на коронавирус, зголемен е обемот на купување преку Интернет и обезбедување други онлајн услуги, што дополнително го зголеми богатството на Ма.

Богатството на Ма порасна за 45% во текот 2019 година на 58,8 милијарди долари. Ма Хуатенг е на второто место со 57,4 милијарди долари. За светската јавност е помалку познат, но Хуатенг доаѓа од онлајн индустријата и претседава со кинескиот интернет гигант Tencent Holdings, кој според пазарниот удел се сместува меѓу најголемите корпорации во земјата, а основан е во 1989 година.

Популарната апликација на Tencent, WeChat има повеќе од милијарда корисници, а акциите на Tencent Music, сервис за емитување музика, се излистани на њујоршката берза од декември 2018 година.

Жонг Шаншан, сопственик на компанијата за флаширана вода – Nongfu Spring од 1966 година се наоѓа на третото место со 53,7 милијарди долари.

Фото: Pexels