Се закануваат на производителите на храна: „Пониски цени или воведуваме дополнителни даноци“

63

Француската влада би можела да ја оданочи прехранбената индустрија доколку нејзините претставници одбијат да преговараат за намалување на цената.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека производителите на храна остваруваат големи профити и дека треба повторно да преговараат со трговците на мало, пренесе Ројтерс.

Цените на храната пораснаа во Франција откако претставниците на прехранбената индустрија и трговците на мало се договорија за просечно зголемување на цената од 10 отсто во март. Тогаш двете страни се согласија дека поскапувањето на храната е неопходно поради зголемените трошоци за производство.

– Доколку производителите на храна не се вратат на преговорите, „ќе ги искористиме сите мерки што ни стојат на располагање, вклучително и даноците, за враќање на неправедно стекнатите профити платени од потрошувачите“, рече Ле Мер.

Цените на храната во Франција се зголемени за 14,9 отсто во април во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Францускиот национален институт за статистика и економија, Insee. Француската влада е незадоволна бидејќи цените на храната се уште се високи и покрај намалените цени на суровините што се користат во производството, наведува британската агенција