Сè започна како студентска шега, а денес оваа компанија произведува покриви за мотоцикли

150

Индиската компанија Сепал Моторс произведува шофершајбни со покрив и држач за мобилен телефон кои можат да се вградат на мотоцикли и служат за заштита од дожд и сонце.

Сè започна како шега на неколку студенти кои три години подоцна решија да ги произведат првите верзии на нивниот Sepal Shield, кој се продава во Индија за 75 евра.

“Sepal Shield” може да се инсталира на сите видови мотоцикли, велат од компанијата. Изработен е од алуминиум со висока цврстина, полимер засилен со влакна и поликарбонат отпорен на кршење.

Основата на “Sepal Shield” е плоча која е прикачена на контејнерот со вакуумски држачи и ленти. На панелот се прикачени алуминиумски држачи, кои вклучуваат и држач за мобилни телефони.

“Sepal Shield” е одобрен за максимална брзина од 120 km/h, но производителот препорачува максимални 100 km/h.

Се чини дека е популарен во Индија, но сè уште не е достапен за купување во Европа.

Фото: facebook