Се затвораат сите гранични премини и скопскиот аеродром

81

Сите гранични премини во државата и скопскиот аеродром ќе бидат затворени, одлучи Владата со цел да се спречи ширење на коронавирусот во земјава.

“Владата одлучи да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани, освен за влез и транзит на товарни возила и дипломатскиот кор за кој МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од кризниот штаб кој ќе потврди дека има посебен интерес. Овие товарни возила ќе влезат во согласност со протоколот за заштита. Се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено-карго летови по истекот на 48 часа по денот на влегување на оваа одлука во сила“, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше дека во земјава има регистрирано пет нови случаи на лица заразени од коронавирусот, а две лица имаат дијагностицирано коронавирус во друга лабораторија, по што тие резултати ќе треба дополнително да се потврдат во Институтот за јавно здравје.

Филипче изјави дека Министерството за внатрешни работи ќе постапува поинтензивно во однос на проверката и решенијата за самоизолација и за тоа да го информира главниот штаб во владата.

Фото: Pexels