
Сегашната осма генерација на Volkswagen Golf ќе биде последната која ќе има мотор со внатрешно согорување. Според Automobilwoche, шефот на VW, Томас Шефер, изјави дека осмата генерација на Golf ќе биде последна со дизели и бензински мотори, по редизајнот следната година.
Шефер ја остави отворена вратата за потенцијално оживување на Golf на бензин во иднина, велејќи дека тоа може да се случи доколку глобалните услови драматично се променат до 2027 година, но Volkswagen не планира да го стори тоа. Наместо тоа, VW моментално сака да ги електрифицира сите свои основни модели.
– Јасно е дека нема да се откажеме од легендарните имиња како моделите Golf, Tiguan и GTI, туку ќе ги пренесеме во електричниот свет – рече тој. Шефер рече дека целта на VW е да го одржи духот на Golf жив додека тој преминува кон целосна електрификација.
Електричната деветта генерација на Golf ќе пристигне на крајот на деценијата – целта на целиот бренд е да стане целосно електричен до 2033 година. Според Шефер, тоа нема да се случи барем до 2028 година, кога VW постепено ќе ја укине сегашната платформа MEB и ќе ја лансира новата електрична архитектура SSP. За разлика од MEB, платформата SSP ќе може да поддржува поширок спектар на автомобили, како што се поголемите теренци.
Можно е да видиме Volkswagen Golf или ID Golf базиран на SSP веќе во 2028 година, што ќе го започне патувањето на брендот до целосна електрификација и ќе го затвори поглавјето во автомобилската индустрија.











