Seat го проширува опсегот на Tarraco со нова 1,5 литарска верзија

48

Потенцијалните купувачи на Tarraco досега немаа можност за автоматски менувач кај FWD моделите со 1,5-литарскиот бензински TSI мотор. Seat сега го овозможува ова, нудејќи седум-степен менувач со двојна спојка, којшто се користи и во варијантата 4Drive AWD.

Излезната моќност на погонската единица останува ист, со 147 коњски сили 250 Nm вртежен момент помеѓу 1.500 и 3.500 вртежи во минута. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 9,5 секунди, со достигнување на максимална брзина од 198 km/h. Емисиите на CO2 се проценуваат помеѓу 160 и 181 g/km по WLTP циклусот, при што комбинираната економичност на горивото е поставена помеѓу 7,1 и 8,0 литри на 100 изминати километри.

Наскоро по лансирањето на новиот 1,5 TSI модел, Seat ќе го понуди спортскиот FR пакет кој почетокот на следната година, како и plug-in хибридната верзија која треба да пристигне во втората половина на 2020 година. PHEV верзијата на Tarraco, ќе биде погонувана од комбинацијата на 1,4 литарскиот TSI мотор од 147 КС и електрична единица од 114 КС, кои заедно обезбедуваат комбиниран излез од 241 КС и 400 Nm, додека електричниот опсег достига бројка од 50 километри.

Преземено од Avtoplus.mk