SEAT произведе 5.000.000 автомобили Ibiza

20

seat

Од производната линија бр. 1 на фабриката на SEAT во Марторел излезе пет милионитата Ibiza. Иконата на шпанскиот бренд ја достигна оваа бројка во годината кога се прославува 30-тиот роденден на легендарната Ibiza.

Шпанскиот производител на автомобилскиот саем во Париз го претставува LEON Х- PERIENCE, новиот компактен автомобил на брендот, а во исто време заедно со целата автомобилска индустрија ќе ја прослави и 30-годишнината од својот најпознат модел. Париз е градот каде што пред 30 години за прв пат беше претставен првиот модел SEAT Ibiza, кој воедно е и првиот 100% SEAT автомобил.
Денес, 30 години подоцна, SEAT Ibiza прерасна во најдобро продаван и најмногу извезуван автомобил на шпанскиот бренд. Надвор од границите на Шпанија се продадени 70% од возилата, во повеќе од 75 земји каде што компанијата има свои претставници.

Дали сте знаеле дека…?

• Секој ден 700 возила SEAT Ibiza излегуваат од фабриката Марторел.
• Во процесот на производство на моделот работат 1600 луѓе.
• Околу 700 роботи придонесуваат за успехот на SEAT Ibiza.
• SEAT Ibiza поминува 12 километри на производната лента за на крај да излезе како готов производ.
• Доколку се наредат 5.000.000 возила SEAT Ibiza едно зад друго би се покрило растојание од 19.300 километри, што е еднакво на растојанието помеѓу Марторел и Окленд во Нов Зеланд.
• За овие 5.000.000 автомобили потрошени се вкупно 70 милиони килограми боја.
• SEAT Ibiza од  женски аспект:

  • Вратата на првиот SEAT ја отворија жените од производната линија.
  • 21% од работниците на производната лента се жени.
  • Двете поп икони, Шакира и Кети Пери, ја правеа музиката за рекламните спотови на најдобро продаваниот автомобил.

• SEAT Ibiza беше официјално возило на Олимписките игри кои 1992 година се одржаа во Барселона.