Сите индиски медиуми ја потврдија веста за замрзнатите сметки на Субрата Рој поради неисплатени долгови

69

subrata-roy-300x225На барање на Врховниот суд на Индија, Индиското регулаторно тело СЕБИ ги замрзна сметките на компаниите на милијардерот Субрата Рој, Sahara India Real Estate и Sahara Housing Investment, поради тоа што измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале.

Имено, СЕБИ ги блокираше сите сметки на неговите фирми, личните банкарски сметки и целиот негов личен имот како и имотот на тројца од неговите директори, Вандана Баргава, Рави Шанкер Дубеј и Ашок Рој Чодари, објавуваат индиските медиуми.

Врховниот суд на Индија уште во август донесе пресуда против Сахара груп, компанија на Субрата Рој, за враќање на 3 милијарди евра со 15% камата. На сметките на фирмите засега нема ниту една третина од парите потребни за подмирување на долгот, пишуваат медиумите во Индија.

Сахара Груп ја платила првата рата или само една петтина од долгот, но не и останатите две. Индиските медиуми пишуваат дека пред десетина дена од Сахара Груп се пофалиле дека вратиле речиси се, но одлуката на судот го потврдила спротивното.

Субрата Рој неколку пати ја посети Македонија и најави инвестиција од 100 милиони евра, најголем дел во хотели и казина на охридското крајбрежје.

Извор: IndiaTimesCNN-IBN