Во организација на Здружението на металурзите и Технолошко -металуршкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, а во соработка со Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија денеска во Охрид ќе се почне Седмиот меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина, јавува Миа.
На тридневниот Конгрес ќе учествуваат голем број експерти од универзитети, истражувачки центри и институти од Германија, Финска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Турција, Словачка и други, како и претставници од македонската металуршка индустрија.
Тие во рамки на дискусиите на Конгресот ќе ги презентираат своите најнови сознанија за теми релевантни за оваа индустрија.