Седум европски земји ги прифатија новите услови за плаќање на рускиот гас

98

Седум европски земји ги прифатија новите услови за плаќање на рускиот гас и отворија две сметки во Гаспромбанк, а 11 земји го известија Газпром дека тоа не го прифаќаат, пренесе Тасс.

Со овие услови, како што се наведува, се согласиле Германија, Италија, Франција, Австрија, Унгарија, Словачка и Северна Македонија, кои подразбираат отворање сметка во девизи и во рубљи.

Новите услови за плаќање беа отфрлени од Полска, Холандија, Бугарија, Данска, Латвија, Литванија, Финска, Обединетото Кралство, Чешка, Словенија и Естонија.

Романија, Грција, Белгија, Швајцарија и Хрватска сè уште немаат донесено конечна одлука дали ќе ги прифатат новите услови.

Русија не бара плаќање во рубљи од земји кои не ги смета за непријателски, како Турција, Белорусија, Казахстан, Кина, Молдавија, Ерменија, Србија, Босна и Херцеговина и Јужна Осетија.

Досега беше објавено дека поради одбивањето да го плати гасот во рубљи, Гаспром ја прекина испораката на Полска, Бугарија и Финска.