Најголемиот трговски центар во Европа се наоѓа во Истанбул. Cevahir Istanbul ги отвори вратите на 15 октомври 2005 година. Ова се најинтересните факти за овој гигантски трговски центар.
- Џеваир Истанбул е изграден на 62.475 квадратни метри во авенијата Büyükdere во областа Шишли во европскиот дел на Истанбул.
- Центарот има 420.000 квадратни метри, од кои 110.000 се резервирани за продавници, ресторани и барови.
- Се состои од шест ката и 343 продавници, 34 места за брза храна и 14 ексклузивни ресторани.
- Центарот вклучува и огромна сцена за концерти и други настани, 12 кино сали, куглана и мал забавен парк.
- Во овој центар се наоѓа вториот по големина часовник во светот, кој е поставен на стаклен покрив. Бројките на часовникот се големи дури три метри.
- Паркингот за посетителите на центарот е распослан на четири ката, зафаќа 71.000 квадратни метри и може да прими 2.500 автомобили одеднаш.
- Се проценува дека се инвестирани околу 250 милиони долари за изградба на центарот.