Седум карактеристики што ги поседуваат најдобрите менаџери

1

hierarhija-pixabay

Фото: Pixabay

Microsoft неодамна најави дека ќе ја купува социјалната мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари, но LinkedIn ќе продолжи да работи независно. Менаџерската култура во оваа компанија ја обликуваа основачот и претседател Рид Хофман, извршниот директор Џеф Вајнер и директорката на одделот за Човечки ресурси, Пет Ведорс. Ведорс за Бизнис Инсајдер открива кои карактеристики ги поседуваат само најдобрите менаџери.

  1. Ги поддржуваат вработените во нивниот професионален развој
  2. Континуирано ги оценуваат работата и развојот на вработените
  3. Транспарентно ги поставуваат своите цели и очекувања
  4. Поттикнуваат претприемничко размислување и менталитет
  5. Охрабруваат преземање ризик
  6. Јавно зборуваат за насоката во која се движи компанијата
  7. Не користат празни зборови