Седум милиони долари заработка од извоз на замрзнат зеленчук

133

Извозот на замрзнат зеленчук минатата година достигна вредност од 6,6 милијарди долари, што е за 3% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија се најде на 43-то место со извезен замрзнат зеленчук во вредност од 7.030.000 долари или 13% помалку во однос на 2018 година.

Белгија е лидер по извоз на замрзнат зеленчук со заработка од 1,2 милијарди долари. Зад нејзе се најдоа: Кина (1,2 милијарди долари), Шпанија (718,8 милиони долари), Мексико (495,6 милиони долари) и Полска (353,5 милиони долари).

Од земјите во регионот највисоко котира Србија со извоз од 52,3 милиони долари. Потоа следат: Грција (23 милиони долари), Бугарија (19,3 милиони долари), Словенија (9,3 милиони долари) и Хрватска (7,7 милиони долари).

Фото: Freepik