Седум најголеми грешки при пишување на e-mail

142

e-mailФото: Pexels

Скоро 250 милиони мејлови се испраќаат секојдневно. Тоа значи дека во просек секој од нас праќа или добива по 33 мејлови на ден. Токму поради затоа е многу важно да се потрудите вашиот мејл да се рзликува од другите. Еве каде грешите и како да го поправите тоа.

Лоша граматика

Колку и да сте зафатени со работа, лошата граматика не се прифаќа. Грешки секогаш се случуваат, па дури и на професионалците, затоа, барем уште еднаш прочитајте ја пораката пред да ја пратите, особено ако е упатена кон вашиот надреден или потенцијален клиент.

Долги мејлови

Размислете како на најкраток можен начин да му ја соопштите информацијата на примачот на пораката. Не губете го неговото време, а заштедете го и своето.

Праќање пораки доцна навечер

Oдговарање на пораки доцна во ноќта е контрапродуктивно, а ќе ви го наруши и сонот. Воопшто не делува професионално испратен мејл во четири часот наутро. Подобро одложете ја обврската за следното утро.

Престанете да користите Reply All

Оваа опција користете ја единствено кога вашата порака ги засега сите. Не создавајте дополнителен хаос во интернет просторот.

Изливи на емоции

Колку и да сте вознемирени, немојте во никој случај тоа да го преточите во мејл. Овде важи правилото – бројте до 10, а потоа кликнете Send. Подобро зачувајте ја пораката во Drafts и уште еднаш прочитајте ја подоцна, а дури потоа одлучете дали ќе ја пратите или не.

Премногу BCC

BCC или blind copy најчесто се користи за политичка манипулација и регртуација на членови. Затоа, користете го повремено.

Неодговарање на мејлови

Најлесен начин за да се предизвика негативно чувство кај испраќач на порака е да не му се врати на истата. Покажете учтивост. Никогаш не можете да знаете дали некогаш и вие ќе се најдете во иста ситуација како оној кој ви ја испратил пораката.