Седум особини кои “ви се препишуваат” за неколку секунди

34

lugje

Фото: Pixabay

Науката вели дека потребни се само неколку секунди од запознавањето за луѓето да формираат мислење за вас. Погледот, физичкиот изглед, особено облеката што ја носите, сакале или не оддаваат одредени карактеристики за вашата личност или едноставно ја имаат моќта да делуваат на мислењата на луѓето.

Кои особини се препознаваат во првите мигови, во продолжение.

Доверливост/Чесност

Според едно истражување спроведено врз група студенти на Принстон, луѓето донесуваат суд за вашата доверливост уште во првата секунда од запознавањето. Доволно е само да го погледнат изразот на вашето лице.

Општествен статус

Најчесто е облеката таа што ве издава кога станува збор за статусот. Оние кои носат дизајнерска облека и познати марки како Lacoste, Tommy Hilfiger и слично се перцепирани како богати луѓе.

Интелигенција

Во 2007 професорка од Универзитетот Loyola Marymount спроведе една студија според која гледањето во очи додека зборувате со некого е токму тоа што луѓето го сметаа како знак за интелигенција.

Доминација/Моќ

Ќелавоста кај мажите се покажала како знак за моќ и доминација. Без разлика на цртите на лицето, оние мажи кои имаат избричена глава или се ќелави, делуваат многу помоќно од оние кои имаат густа коса.

Успешност

Според едно британско-турско истражување, мажите во скроени костуми се многу поуспешни од оние кои носат поинаква облека. Значи, доколку сакате да оддадете впечаток на успешен човек, облечете се во нешто скроено за вас.

Висок потенцијал

Облеката понекогаш навистина може да биде виновник за одредената перцепција на луѓето. Така е и во овој случај, оние “добро скоцканите” се перцепирани како личности со висок потенцијал и голема можност за напредок во кариерата.

Авантуристички дух

Начинот на кој се движите е “виновен” за препишувањето на оваа карактерна особина. Така, луѓето кои се движат поопуштено и имаат полесен чекор се сметаат за авантуристи и екстровертни луѓе.