Седум причини за да бидеш дел од Startup Weekend Skopje!

23

Startup Weekend Skopje е одлично место за да се запознаеш и поврзаш со like – minded луѓе кои се исти како тебе. Овој Techstars настан е дефинитивно најдоброто место за запознавање нови колеги, пријатели, ментори, ко-основачи или инвеститори!

Причини за да учествуваш на Startup Weekend Skopje:

  1. Едукативен настан каде покрај слушањето ќе креирате и стратегии и тестирање на продуктот кој го имате смислено!
  2. Создавате мрежа – Startup Weekend ги привлекува најдобрите професионалци од секоја област, поминувајќи го викендот во развивањеј на вашата идеја која ќе решава реален проблем, истовремено градите однос и можност да заминете со нов бизнис или инвеститор!
  3. Наоѓате истомисленици – Сите знаеме дека не е важна само идејата, туку и тимот…Startup Weekend Skopje  е совршеното место за да го пронајдете вашиот бизнис партнер или dream-team!
  4. Научете нови вештини: Излезете од вашата комфорна зона. Дадате слобода на вашата креативност цел викенд, Startup Weekend Skopje е совршена можност да работите на нова платформа, да научите нов програмски јазик или едноставно да пробате нешто различно.
  5. Вие всушност започнувате бизнис: Над 36% од стартап бизнисите продолжуваат да растат по 3 месеци. Околу 80% од учесниците планираат да продолжат да работат со својот тим или бизнис по викендот.
  6. Ќе добиете бесценети совети од искусни лидери: локални технолошки и бизнис лидери учествуваат на Startup Weekend како судии и ментори. Тоа се луѓе кои добро знаат како да се стигне from zero to hero!
  7. Startup Weekend Skopje е профитабилен настан, учеството е 15 евра ( за студенти 10) и вашиот билет покрива 7 оброци, десерти, пристап до екслузивни ресурси обезбедени од спонзорите!

Оваа година Startup Weekend ќе се одржи од 6-ти до 8-ми мај во Инофеит.

Според организаторите, интересот е голем, па затоа и не преостанува многу време да си ја купите својата карта на следниов линк.