Седум совети за успех што можете да ги научите од децата

25

dete

Фото: Pixabay

Кога се фокусираме на постигнување на успех, енергијата ја насочуваме кон книги, ментори, разни предавања и слично. Но, постојат одлични лекции што можете да ги добиете на многу полесен и позабавен начин. Она што треба да направите е да ги погледнете децата и нивното безгрижно однесување. Понекогаш постарите можат многу да научат од помладите.

Не го гледајте светот со цинични очи

Децата ги гледаат работите какви што навистина се и така ја препознаваат нивната вистинска вредност. Не дозволуваат негативноста да влијае на нив. Би било добро кога би можеле да внесеме толку позитивна енергија во секојдневниот живот и со тоа да помогнеме на другите и себе си.

Бидете подготвени да делите

Децата се подготвени да ги делат своите играчки и идеи со другите. Кога ќе научат нешто, нетрпеливи се да го пренесат искуството. Таа отвореност добро би ни годела на сите ако сме доволно подготвени да ја прифатиме. Возрасните честопати ги кочи несигурноста и неверувањето дека храбро изнесената мисла може да вроди со плод.

Покажете искрени емоции и емпатија

Кога еднаш ќе научат да ги идентификуваат емоциите, децата се многу искрени во нивно покажување и покажување на емпатија кон чувствата на другите. Не ги потиснуваат, не лажат и не се прикажуваат во погрешно светло. Не ги осудуваат другите и себе си поради покажаните емоции. Возрасните премногу ги кријат вистинските чувства и ги осудуваат другите луѓе.

Не ги ограничувајте соништата

Децата никогаш за своите идеи нема да кажат дека им се глупави и нема да се ограничуваат според одредени статистики и можности. Секогаш се подготвени храбро да одат напред и да го остварат тоа што наумиле.

Бидете постојано љубопитни

Љубопитноста може да ни донесе добри резултати. Нека ви бидат пример децата што постојано нешто бараат, расклопуваат, лепат, прават чудни комбинации и изнаоѓаат разни начини да откријат како нештата функционираат. Не запираат со поставување на прашања и нетрпеливи се да дознаат сè за сешто. Не ја гаснете жедта за новото, бидете љубопитни.

Опуштете се и бидете спонтани

Децата се спонтани и опуштени во секоја ситуација и токму затоа се чувствуваат убаво и среќно. Приоѓаат на други деца, измислуваат заеднички игри и покажуваат неверојатна креативност кога си играат сами. Би било добро и ако возрасните умеат да ги тргнат секојдневните стеги од себе и да ја пуштат слободно својата имагинација.

Создавајте, креирајте

Дајте му на дете празна кутија и прекривка. За неколку минути ќе направи куќа, авион, шатор. А со помош на шарена хартија и лепило, ќе создаде вистинско ремек дело. Луѓето се раѓаат со природна потреба да создаваат нешто, но со текот на времето тоа се губи. Само оние кои не се откажуваат од новите предизвици и креирањето можат да создадат и да успеат.