Седум земји-членки на ЕУ бараат одложување на ограничувањата за емисија на штетни гасови во автомобилската индустријa

82

Седум членки на Европската унија побараа одложување на планираното ограничување на емисиите за производителите на автомобили, објаснувајќи дека тоа ќе ја задуши европската конкурентност.

Според европските правила, производителите на автомобили се соочуваат со казни доколку ги надминат ограничувањата за емисија на CO2 кои треба да станат построги во 2025 година.

„Таквите казни во голема мера би ја ограничиле способноста на индустријата да реинвестира во пронајдоци и развој и би ѝ наштетиле на конкурентноста на Европа на глобално ниво“, се наведува во документот претставен на министерскиот состанок во Брисел.

Документот беше поддржан од Италија, Полска, Австрија, Бугарија, Чешка, Романија и Словачка, јави Хина. Овие земји повикаа на попрагматична временска рамка.

Германските претставници на предлогот реагираа со скептицизам. На прашањето зошто Германија не го потпиша документот, министерот Бернхард Клутиг рече дека е важно автомобилската индустрија да ги постигне своите цели.

„Кога станува збор за работните места, како што е сега, државата не може да бара од корпорациите да плаќаат многу“, изјави за магазинот „Фокус“ ​​Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија во Европскиот парламент.