Седум знаци дека ви недостасува емоционална интелигенција

130

strelki

Фото: Pexels

Емоционалната интелигенција (ЕИ) се однесува на способноста да се перцепираат, контролираат и евалуираат емоциите. ЕИ влијае на тоа како управуваме со нашето однесување, како се справуваме со социјална комплексност и донесуваме лични одлуки со цел да постигнеме позитивни резултати. И покрај важноста на емоционалната интелигенција поради нејзината нематеријална природа, тешко е да се дознае дали поседувате и што можете да направите ако ви недостасува. Но, постојат неколку однесувања што може да ги елиминирате, пишува Entrepreneur.

Лесно доживувате стрес

Кога ќе ги акумулирате вашите чувства брзо се претвораат во напнатост, стрес и анксиозност. Емоционално интелигентните полесно се справуваат со стресот, воочувајќи ја навреме тешката ситуација пред работите да излезат од контрола.

Тешкотии во изјаснување

Личностите кои поседуваат висока ЕИ ја балансираат пристојноста, емпатијата и љубезноста. Оваа тактичка комбинација е идеална за справување со конфликти. Кога се чувствуваат измамено се насочуваат на пасивно или агресивно однесување. Емоционално интелигентните луѓе ги неутрализираат тешките и токсични личности без создавање на непријателства.

Имате ограничен емоционален вокабулар

Сите личности доживуваат емоции, но само неколку “одбрани“ точно ги идентификуваат истите. Личностите со висока ЕИ ги совладуваат своите емоции бидејќи ги разбираат и користат богат речник на изразување. Додека многумина би опишале дека се чувствуваат лошо, емоционално интелигентните луѓе велат дека се чувствуваат раздразнето, фрустрирано, потиштено или вознемирено.

Брзо формирате претпоставки и ги браните

Личностите кои не поседуваат емоционална интелигенција брзо формираат мислење што е пристрасно и собираат докази што го поддржуваат нивното мислење, а ги игнорираат другите (спротивни) докази. Емоционално интелигентните личности знаат дека првата реакција е водена од емоции. Тие си даваат време да го развијат мислењето и ги земаат во предвид можните последици и контра аргументи.

Не се ослободувате од грешки

Емоционално интелигентните луѓе се дистанцираат од своите грешки, но не ги забораваат. Држејќи ги своите грешки на сигурна оддалеченост, но сепак доволно близу за да се потсетат на истите, ги прилагодуваат за иден успех.

Се чувствувате несфатено

Можете да се чувствувате несфатено бидејќи не сте ја пренеле или изразиле пораката на јасен начин за да ве разберат луѓето. Емоционално интелигентните ја воочуваат ситуацијата кога луѓето не ги разбираат и го прилагодуваат својот пристап и повторно ја пренесуваат идејата на разбирлив начин.

Лесно се навредувате

Ако знаете кој сте и колку вредите тогаш не може да ве повредат коментарите од другите. Емоционално интелигентните луѓе се со отворен ум  и “ дебела кожа“. Тие оставаат некој да се шегува на нивна сметка бидејќи знаат да повлечат линија помеѓу хуморот и деградацијата.