SeeColors – апликација за луѓе кои имаат проблем со разликување на бои

71

woman-391555_960_720

Фото: Pixabay

Samsung создаде апликација специјално наменета за луѓе кои имаат проблем со разликување на бои, пишува Mashable. Апликацијата е наречена SeeColors и може да функционира со сите QLED (Quantum Dot LED) телевизори на производителот.

SeeColors го идентификува типот на нарушување што личноста го има со видот и одредува какво влијание има кога гледа во екранот. Потоа, ја прилагодува бојата на дисплејот според корисникот.

Приближно 300 милиони луѓе во светот имаат ваков проблем, но многумина од нив не се ни свесни дека не ги разликуваат сите бои. За да се осигура дека екраните се прилагодени за сечии очи, Samsung склучи партнерство со Клара Венцел, професорка за оптика и машинска информатика од Универзитетот во Будимпешта. Таа го разви тестот за боите или C – Test, за да ги одреди различните степени на овој тип на нарушување.

Апликацијата може да се преземе од Google Play и Smart TV App store, а потоа да се направи тест за разликување на бои преку смартфон или телевизор.