Sega објави стратешко партнерство со Microsoft

34

Sega Sammy Holdings соопшти дека постои можност за стратешки сојуз со технолошкиот гигант Microsoft.

Како што се наведува, овој сојуз би се оформил  со цел да се развијат високобуџетни видео игри преку технологијата за облак игри на Мајкрософт, но има и индикации дека врската меѓу двете компании би можела да биде на повеќе нивоа.

Компанијата Sega со седиште во Токио работи на игри кои ќе допрат до глобалната публика со технологијата на облак Azure на Microsoft. Во утринското тргување, акциите на Segа тогаш скокнаа за шест отсто, пишува Reuters.