Сегал: Нема смисла да се инвестира во крипто сега

113

Нед Сегал, главен финансиски директор на Твитер, ги гледа Биткоинот и алткоините како многу нестабилни класи на средства во моментот.

Затоа тој смета дека сегашниот пејзаж не дава доволно добри можности за влез на нови инвеститори. Има аналитичари кои вчерашниот пад го припишуваат на овие коментари.

Дигиталните валути во моментов се премногу нестабилни. Твитер има за цел да ги задржи средствата во својот биланс релативно еднакви во однос на движењето на цените на средствата, како што се хартиите од вредност.

Ова го изјави 47-годишниот финансиер и финансиски директор на компанијата – Нед Сегал во неодамнешното интервју за Wall Street Journal. За да избере Биткоин или други алтернативни монети, Твитер треба да ја промени својата инвестициска политика, заклучи тој.

„Ќе мораме да ја промениме нашата инвестициска политика и да избереме да поседуваме средства што се поволатилни“.

Вреди да се напомене дека претходно оваа година, Сегал – кој е одговорен за финансискиот оддел на Твитер од 2017 година – рече дека компанијата ја истражила можноста за користење на Биткоин. Сега, сепак, тој не изгледаше многу оптимист.

„Постои различен сет на одлуки што ќе треба да ги донесеме доколку мораме да имаме криптовалути на нашиот биланс на состојба“.

Сепак, нестабилноста во индустријата за криптовалути не е толку страшна карактеристика за некои други експерти.

Кевин О’Лири – популарниот инвеститор познат како „Mr. Wonderful“ – верува дека институциите не се плашат од нестабилната природа на крипто-пазарот. Наместо тоа, им е привлечно и сакаат да се вклучат.

Мет Рокман – еден од основачите на австралиската консултантска компанија за човечки ресурси SEEK Ltd. – е уште еден пример. Тој неодамна рече дека нестабилноста, регулаторниот надзор и опасноста се фактори кои го привлекуваат вниманието на инвеститорите.

Коментирајќи за Биткоин, тој рече дека е возбудлив и застрашувачки, исто како што треба да биде „секоја добра технологија“.