Sehen – ретровизор за безбедно возење велосипед

29

sehen-facebook

Фото: Facebook

Sehen е американски старт – ап што создаде ретровизор за велосипедисти, којшто не вибрира и покрај постојаното движење на велосипедот.

Доволно е велосипедистот една секунда да го впери погледот кон ретровизорот за да види каква е состојбата зад него и да продолжи безбедно да вози по патот.

Бидејќи не вибрира и покрај движењето на велосипедот, Sehen на корисникот му дава јасен поглед наназад со што му нуди и поголема безбедност.

Овој уред е претставен и на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде што бараат поддршка од 5.000 долари. На четири дена пред крајот на истекот на кампањата, Sehen досега собра над 59.000 долари.