Секој час губат милион евра

64

Најголемата германска авиокомпанија Lufthansa се соочува со големи економски проблеми, а секој час загубата е поголема за еден милион евра.

И покрај фактот што државата инвестира милијарди во таа компанија, илјадници работни места се загрозени во Lufthansa.

Германска Lufthansa, тешко погодена од короната, мора значително да ги намали трошоците за платите на работниците. Падот на патничкиот сообраќај доведе до тоа вишокот на кадри во таа компанија да биде уште поголем отколку што беше познато досега.

После кризата, на Lufthansa ќе ѝ бидат потребни 22.000 вработени – што е 26.000 помалку работни места отколку што има денес, соопшти компанијата по преговорите со претставници на три синдикати во Франкфурт.

Фото: Pixabay