Секој Германец е должен повеќе од 26.000 евра

43

Статистиката никогаш не забележала толку голем раст на државниот долг на Германија, како во првата година од пандемијата, кога се зголеми за 14,4%.

Експертите сметаат дека тоа не е проблем, но не се сите оптимисти, а расте и стравот од инфлација, пишува Дојче Веле.

Долгот што на крајот на 2020 година го направи јавниот сектор во Германија на сите нивоа (сојузна влада, покраини и општини) изнесувал 2,17 илјади милијарди евра. Тоа е долг кон приватните финансиски институции, фондови или други компании, како во Германија, така и во странство.

Во годината на избивање на пандемијата, долгот на Германија се зголеми за 273,8 милијарди евра, што е пораст за 14,4%. Пресметано по глава жител, секој Германец сега во просек должи по 26.141 евро, додека на крајот на 2019-та година бил должен “само“ 22.860 евра.

Фото: Pexels