Секој петти Европеец носи паметен часовник

72

Во 2020 година, скоро еден од пет жители (19%) на Европската унија, на возраст од 16 до 74 години, користеле паметни часовници, фитнес нараквици, паметни очила или слушалки, облека или обувки поврзани со интернет и слични паметни додатоци.

Помладите Европејци, на возраст меѓу 16 и 24 години, имаат најголем процент (28%) во носење на вакви уреди, од лицата на возраст меѓу 25 и 54 години (23%), од 55 до 64 години (11%) и од 65 до 74 години (5%), покажуваат податоците на Eurostat

Во текот на минатата година, околу една третина од луѓето во Чешка (35%), Финска (33%) и Естонија (31%) носеле паметен часовник или некој друг уред или додаток поврзан со интернет.

За разлика од нив, помалку од 10% има кај жителите на: Грција (7%), Романија (8%) и Кипар (9%).

Фото: Pexels