Секој што сака вечера мора да го предаде мобилниот телефон – ресторан во Верона воведе правило за заклучување

Во ера кога нашите мобилни телефони практично станаа дел од нашето тело, еден италијански ресторан бара од своите гости да ги остават во посебни, заклучени фиоки по влегувањето, за да се вратат на традицијата на уживање во дружењето. Во еден ресторан во центарот на Верона постои правило кое забранува користење на мобилни телефони за време на вечерата.

Целта, се разбира, е да уживаме во друштвото на луѓето кои дојдоа во ресторанот, исто како што беше порано, кога не го прекинавме другиот да прочита некоја штотуку пристигната порака, ниту пак му дававме приоритет на нашиот мобилен телефон, занемарувајќи го лицето кое беше со нас во друштвото.

Местото се вика „Al Condominio“ и на влезот сите мобилни телефони се заклучени во фиоки кои наликуваат на поштенски сандачиња како оние што всушност постојат во италијанските станови и остануваат таму додека сопственикот на телефонот не ја плати сметката. На овој начин, сопствениците на ресторани сакаат да го вратат човечкиот контакт и да направат сè што можат гостите да се чувствуваат навистина како дома.

– Ако телефонот стане дрога, тоа не е добро. И за жал, веќе создаде вистинска зависност кај луѓето кои наместо да живеат вистински животи, живеат во виртуелен свет на социјалните мрежи. Тоа е едно од главните ограничувања на технологијата – смета Анџело Лела, косопственик на ресторанот.

– Забележавме дека гостите разговараат и со оние на соседните маси, разменуваат неколку зборови за храната или нешто друго, бидејќи сега немаат можност да ја фотографираат храната и да ја прикачат на интернет – додава Федерико ди Ерхиа. косопственик на ресторанот.

Кога гостите ги оставаат телефоните во поштенското сандаче, за возврат добиваат шише вино.

Телефоните ни одземаат три месеци од животот секоја година

Секојдневно поминуваме часови на нашите паметни телефони, а крајниот резултат е три месеци секоја година, покажува истражувањето. Шест часа и 37 минути е просечното време што едно лице го поминува на телефон или компјутер на глобално ниво. Италијанците губат 35% од своето време користејќи ги овие уреди, а 21% велат дека се вознемирени ако поминуваат премногу време подалеку од своите телефони.

Ресторанот се обидува да го поправи ова, барем за време на вечерата во нивниот ресторан, а критиките не се онлајн, но сопствениците ги замолуваат гостите да ги напишат рачно и да ги стават во поштенското сандаче, во согласност со нивната желба да ги вратат старите добри времиња.