Секој трет локал во Италија ги крши хигиенско – санитарните прописи

29

Специјален оддел за италијански карабинери, NAS, направи ненајавени контроли низ цела Италија, во ресторани и барови на туристички места.

Од речиси 900 контролирани места, во 258, односно речиси секое трето, се утврдени неправилности и непочитување на хигиенско – санитарни мерки и безбедност.

Карабинерите пронајдоа и запленија 1,3 тони неисправни прехранбени производи чиј рок на траење истекол или немале информации за нивното потекло или хигиенските услови биле под минималниот стандард.

Посебно внимание беше посветено на контролата на почитување на мерките против ковид и според полицијата, една третина од контролираните простории не ги почитувале сите законски мерки.

Во провинцијата Алто Адиџе, на северот на Италија, познат хотел во категорија со четири ѕвезди, беше затворен, бидејќи во три повторувања на контролата, утврдено е дека тие не ги почитуваат анти-ковид мерки. Сопственикот на хотелот беше познат по своите протести против ковид, тврдејќи дека мерките за борба против ковид се во служба на политиката.

Фото: Pixabay