Секоја година за роденден добивал виски, а сега од колекцијата ќе си купи куќа

278

Пит Робинсон 28 години на својот син за роденден му подарувал по едно шише Macallan виски. Денес, 28-годишниот Мејту Робинсон од Шкотска со колекцијата од шишиња виски може да си купи сопствен дом.

За ова виски, Пит потрошил околу 5.000 фунти, а целата колекција денес достигнува цена од над 40.000 фунти. Овие пари ќе му бидат доволни на младиот Шкот да си уплати депозит за сопствен дом и да може самостојно да продолжи да живее.

“Тоа ми беше податок за секој роденден. Мислев дека е малку чуден подарокот. Мислев дека е малку чуден, бидејќи бев премногу млад за да почнам да пијам“, рекол Метју за ВВС, кој од неговиот татко добил упатство како да ги чува шишињата и да не ги отвора.

Инаку, 64-годишниот Пит работел за фирма којашто произведува суровини за Macallaн, па така дошол на идеја на својот син секоја година да му дава оригинален подарок за роденден, којшто еден ден ќе му се исплати.

Фото: Twitter