Само-направените милионери (кои сами го стекнале своето богатсво) велат дека „штедењето нема да донесе богатство“. Ако да се биде богат значи да се има многу пари, штедењето логично треба да ви помогне да стигнете таму. Меѓутоа, милионерите Барбара Коркоран и Грант Кардон не се согласуваат.
„Едноставно не верувам во заштеда на пари. Никогаш не сум заштедил ни пара во целиот мој живот“, изјави неодамна Коркоран, претприемач за недвижнини, за CNBC Make It.
Кардон, извршен директор на Cardone Capital и автор на „Правилото 10X“, се согласува.
„Штедењето, штедењето…Штедењето нема да ве збогати“, изјави неодамна тој.
Па, како да изградите богатство? Трошете и инвестирајте, советуваат Коркоран и Кардон.
Готовинскиот тек е крал
Можете да помислите на заштеда на пари како да ги „паркирате“ и да ги оставите додека не ви затребаат. Но, Коркоран и Кардон велат дека треба да се движите со вашите пари ако сакате да изградите вистинско богатство.
„Вистинското богатство е преку инвестиции. Инвестирајте во работи кои создаваат готовински тек“, им објасни Кардон на своите следбеници во видеото објавено на Твитер.
Инвестирањето може да биде страшно поради потенцијалната загуба на пари. Кардоне истакна дека стравот може да ве спречи да ја зголемите вашата нето вредност. Според него, наместо да ги штедите парите и да се плашите премногу да ги потрошите, треба да ги инвестирате во средства што ќе ви донесат повеќе приходи.
„Кeшот не е крал, готовинскиот тек е крал“, напиша Кардон во 2018 година.
Инвестирањето во себе или во вашиот бизнис за да го зголемите вашиот приход е одличен начин да започнете. Тој, исто така, препорачува да се инвестира во средства како недвижен имот што создава паричен тек.
Коркоран откри дека трошењето пари на правилни работи – како што е инвестирањето во стартапи и нејзината фирма за недвижнини – ја прави побогата и посреќна.
„Верувањето дека парите раѓаат пари, ако сте спремни да се разделите со нив и да ги потрошите, навистина функционира, или барем сигурно ми помогна. Навистина верувам дека ако потрошите пари, тие ќе ви се вратат“, рече таа.
Не дозволувајте стравот да ви застане на патот
Ниту Коркоран ниту Кардон не стигнаа до каде што се денес плашејќи се од најлошите можни исходи. Всушност, Коркоран признала дека е на работ на банкрот „по петти пат“ непосредно пред да дојде до идејата со која за еден ден заработила милион долари.
Својот успех ѝ го препишува на нејзината мајка, која и рекла да не се грижи за парите.
„Тоа е губење време“, рече таа.
Ова е разбирливо – многу луѓе изгубија поради лошите инвестиции. Но, берзата историски закрепна од секој голем пад, па ако инвестирате долгорочно, има добри шанси да видите дека вашите пари растат.