Селфи како доказ за носење заштитна маска, бара Uber и од возачот и од корисниците

41

Uber разви иновативна технологија преку којашто возачите на такси возилата и оние кои се ангажирани во Uber Eats потврдуваат дека носат заштитни маски. Пред почетокот на возењето или испораката на храната, тие имаат обврска да направат селфи со коешто покажуваат дека носат заштитна маска.

Истата оваа технологија ќе ја користат и оние кои ги користат услугите на Uber. Тоа значи дека корисникот ќе мора да направи селфи за да покаже дека носи заштитна маска за да може да патуваат со Uber.

Оваа обврска ќе ја имаат корисниците и оние кои работат во Uber и Uber Eats во САД и Канада од крајот на септември, а подоцна и во Латинска Америка и во другите земји, најавуваат од Uber.

Фото: Uber