SelfieFeet, селфи фотографирање со нога

2

15826249_1123630384426259_504591625950682605_n

Британската компанија Quin Media Group претстави нов начин на правење селфи фотографии со помош на SelfieFeet. Станува збор за еластична лента со магнет што се става на стапалото, а се управува со далечински управувач преку Bluetooth.

SelfieFeet се поставува на стапалото, потоа се прицврстува телефонот, а со притискање на далечински управувач се прави селфи фотографија. Магнетот, исто така, овозможува телефонот да се прицврсти и на метални површини, да се постави на шише, а лентата може да се носи и на рака.

SelfieFeet е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter каде има собрано 1.819 фунти од потребните 5.000 фунти.