Познатиот Британски ланец на продавници Selfridges ја претстави својата ексклузивна колекција на златни чанти за претстојната празнична сезона.
Цените на овие луксузни парчиња се движат од 715 долари за мини кожната плик чанта од Софи Халм, па се до 95.000 долари за рачно изработената кеса-чанта на Ања Хиндмарч, која може да биде обложена со 18 каратно жолто злато или злато со розова боја и на која (по нарачка) може да стои името на клиентот.
Од другите ексклузивни чанти се издвојуваат златната чанта од змиска кожа на Проенза Скулер (PS11), во вредност од 3.155 долари и златната торба од кожа на Симон Роча (2.270 долари).
За љубителите на патувањето, тука се и трите Rimova куфери и секој од нив е исто така обложен со злато.