Селскиот туризам доживеа вистински бум

29

Кризата предизвикана од коронавирусот го покажа значењето на домашниот туризам, особено во селата, соопшти денеска Туристичката организација на Србија (ТОС) пред Светскиот ден на туризмот, 27-ми септември, пренесува Бета.

Во Србија летово “домашните туристи барале одмор во природа и најчесто се одлучуваа за престој во рурални подрачја, на планини, во бањи, околини на езера или реки“, стои во соопштението.

ТОС пренесува дека по повеќемесечен пад на туристичкиот промет во Србија, во август растот на бројот на домашни туристи надмина 25%.

Овогодишниот Светски ден на туризмот во Србија во прв план го става значењето на туризмот за руралните средини, бидејќи таму туризмот е главен поттик за развој и зачувување на културното и природно богатство, како и можност за интеграција на луѓето од руралните средини, на прво место младите.

Фото: Pexels