Семејството Арно повеќе не е најбогато во Франција

Семејството Хермес стана најбогато во Франција според рангирањето објавено  од списанието „Challenges“.

Тoа го симна од тронот семејството Арно, долгогодишниот лидер на оваа листа и сопственик на луксузниот конгломерат LVMH, кој мораше да се задоволи со втората позиција.

Бернар Арно го изгуби првото место по девет години поради ненадеен пад на вредноста на акциите на неговата LVMH група, а неговото богатство се намали од 190 милијарди евра на 117 милијарди евра за само една година.

Групацијата, во која Арно и неговото семејство поседуваат 48 проценти, забележа пад на профитот за 17 проценти во 2024 година, а акциите изгубија речиси 40 проценти од својата вредност поради слабата побарувачка и новите трговски бариери.

Спротивно на тоа, богатството на семејството Хермес се зголеми од 155 на 163 милијарди евра за една година, благодарение на исклучителните деловни резултати на истоимениот бренд познат по своите луксузни шалови и чанти.

Во 2024 година, нето добивката на Хермес се зголеми за 6,8 проценти и достигна 4,6 милијарди евра, додека пазарната вредност на компанијата се зголеми на 249 милијарди евра, што е највисока меѓу компаниите на индексот CAC 40 на Париската берза.

Семејството Хермес држи 66,7 проценти од капиталот на компанијата со исто име, што дополнително ја зајакнува нивната финансиска позиција, според веб-страницата на списанието Челинџис.

Извршниот директор на Хермес, Аксел Дума, дојде на чело на компанијата пред 12 години, а оттогаш нејзините приходи се зголемија четирикратно, а нејзината берзанска вредност се зголеми девет пати.