Семејството Валтон секој ден станува побогато за 100 милиони долари

72

Вкупно 70.000 долари во минута, четири милиони долари на час и 100 милиони долари дневно. Тоа е заработката на најбогатото семејство во светот, кланот Валтон, што е сопственик на најголемиот малопродажен ланец Walmart.

По таа динамика, нивното богатство се зголемило за околу 23.000 долари од моментот кога почнавте да го читате овој текст, пишува Bloomberg.

Во исто време, еден вработен почетник во Walmart за тоа време би заработил околу шест центи или минимална почетна плата од 11 долари за еден час.

Семејството Валтон “тежи“ 191 милијарди долари, а само во текот на изминатата година, нивното богатство се зголеми за 39 милијарди долари.

Семејството Марс, кои заработуваат огромна сума на пари преку продажба на чоколади, во последните 12 месеци успеа да заработи 37 милијарди долари, за да достигне ниво од 127 милијарди долари.

Најбогатите семејства во светот, односно вкупно 25, се сопственици на 1,4 илјада милијарди долари, што е скок од 24% во однос на истиот период лани, односно за 250 милијарди долари.

Најмалку “тежат“ овие три семејства: Лаудер (сопственици на козметичкиот гигант Estee Lauder) со 32,3 милијарди долари, семејството Хофман (сопственици на Roche) со 31,3 милијарди долари и семејството Фереро (сопственици на Ferrero) со 29,8 милијарди долари.

Фото: Pexels