ЦеПроСАРД, центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој, во соработка со Стопанската комора на Македонија денес организира семинар на тема „Кластери за зелена енергија”.
На семинарот ќе зборува шведскиот експерт Матс Јохансон, при што присутните ќе имаат можност да научат повеќе за формирање кластери во областа на енергетската ефикасност. Покрај можностите, Јохансон ќе зборува и за пречките за воспоставување ваквите платформи, за начините на финансирање, очекуваните резултати, одржливоста и развојот на кластерите.
Семинарот на тема „Кластери за зелена енергија” се организира во рамките на проектот „Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во руралните заедници на Република Македонија” – Агроенергија.
Проектот е финансиран од шведската агенција за соработка и развој – Сида.
На семинарот покрај другото ќе бидат презентирани и досегашните македонски искуства и можности за кластерско здружување.