Sense – сензор за квалитетен сон што на Kickstarter собра над 1,4 милиони долари

18

sence

Глобалната платформа Kickstarter овозможи финансирање на уште еден старт – ап бизнис. Овој пат станува збор за сензорот Sence на 22-годишниот Британец Џејмс Прауд, кој го зголемува квалитетот на спиењето.

Кампањата на Kickstarter започна на 23-ти јули, а досега собра на 1,4 милиони долари од над 11 backers – инвеститори.

sence 1

Sence е исклучителен по својот дизајн, но и функционалност. Уредот има сензор што се поставува на перницата на корисникот, со чија помош се собираат податоците, по што се прави анализа на спиењето на корисникот, фазите на сонот и уште многу други фактори како што се нивото на врева, светлина, влада, па и температура на воздухот.

На основа на овие податои, Sence е во состојба да активира и аларм и да го разбуди корисникот во најсоодветен момент. По будењето Sense на корисникот на мобилниот телефон му ги испраќа податоците за квалитетот на сонот, како и техничко рангирање на сонот на скалила од еден до 100.

sence 75

За користење на овој уред потребни се уште 22 дена, а цената ќе биде најмалку 99 долари.