SensorWake: Будилник за полесно будење со помош на мирис на кафе, чоколадо, пари…

31

mirizliv budilnik

Станувањето рано наутро за некого е ритуал, но за други е вистински пекол. Будилникот SensorWake нуди сосема поинакво искуство, кога станува збор за утринското будење.

Овој будилник е специфичен по тоа што го буди сопственикот со неговиот омилен мирис. SensorWake може да го разбуди својот сопственик со мирис на кафе, топли кроасани, океан, свежо косена трева, чоколадо, па дури и мирис на пари.

Зад неговиот дизајн стои 18-годишниот Гилум Ролан, млад француски претприемач со визија луѓето да се будат среќни.

sensorwake

Аромата е сместена во посебен дел, којшто при активирање на будилникот испушта мала количина на мирис. При тестирањето, мирисот успеал да го разбуди испитаникот во рок од две минути. Доколку корисникот е настинат и не може да почувствува мирис, SensorWake по три минути го активира класичниот будилник.

Технолошкиот гигант Google го препозна неговиот изум и го смести во 15-те најдобри иновации “коишто може да го променат светот“ на Саемот за наука во 2014 година.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, овој креативен изум досега собра над 100.000 евра.

sensor wake