Senstone, уред што снима и запишува белешки

28

ured

Senstone е уред  што може да се носи како алка на раката или да се закачи како брош на облеката, а го снима гласот на корисникот и го претвора во текст. Функцијата на овој гаџет е да ги сними идеите, to – do листатата и значајни белешки на корисникот.

Наместо да ја запишете белешката во телефонот, овој уред овозможува гласовно забележување. Senstone ги снима гласовните белешки преку апликација на мобилниот телефон со притискање на копче. Снимањето, исто така, се прекинува преку притискање на копчето, пишува A Geeky World.

Снимките автоматски се синхронизираат на апликацијата и се прикачуваат на “облакот“. Таму, работата ја презема вештачка интелигенција којашто ги конвертира снимките во текст. Засега може да снима една минута, а преку развој на овој уред во иднина се планира да снима до четири часа и подолго кога ќе биде поврзан со телефонот.

Senstone чини 80 долари, а е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter и треба да собере 50.000 долари.